Неделните резултати спречија да бидат доделени награди на Спортска прогноза

Деветнаесеттото коло на Спортска прогноза тргна одлично за Владимир С., кој ги погоди исходите на сите седум саботни мечеви од освоната понуда од 13 натпревари и беше на пат да стане првиот добитник на главната награда iPhone XS, но потоа во неделата резултатите не му одеа во прилог, па имаше дури три утки во прогнозите и остана и без утешните награди, ваучери од Sport Life во износ од 1.000 или 500 денари.

Владимир погоди 10 од 13-те парови кои беа во понудата за овој викенд, беше единствен со десетка и најуспешен прогнозер.

Продолжува битката во Генералниот пласман, каде што Христијан Т. е прогнозерот кој сигурно стои на врвот на табелата по 19 кола со вкупно 140 погодоци. Николче Д., Славе Б. и Петре И. имаат по 134, додека петтата позиција ја држи Благоја Т. со 131 поен. Како што е веќе познато, во Генералниот пласман главната добивка е Смарт ТВ од 48 инчи, а и останатите награди (SL market поени) се доста примамливи.

Новото, јубилејно 20-то коло на Спортска прогноза за оваа сезона ќе биде достапно за прогнозирање од денеска, по 14 часот.

- Оглас -

Најнови вести