Новак Ѓоковиќ одигра нов маестрален меч и со победа од 3:1 против Матео Беретини по шестти пат ја освои круната на Вимблдон и стаса до јубилејната 20-та гренслем титула.
Со тоа српскиот тенисер се израмни на врвот на вечната листа со Роџер Федерер и Рафаел Надал, а најтрофејното трио во историјата на тенисот има по 20 гренслем пехари.
Почетокот на финалето кое беше спектакуларно му припадна на Ѓоковиќ. Поведе со 5:2, но се разбуди Беретини, кој го играше првото гренслем финале и успеа со прекрасна игра да го освои првиот сет со 7:6 и да поведе со 1:0 во сетови.
Но, Новак повторно успеа да презентира зошто во моментов е без конкуренција број 1 во тениската игра и успеа да направи пресврт. Со два сета по ред што ги доби со по 6:4 и еден со 6:3 за околу 3 и пол часа игра успеа да победи со 6:7, 6:4, 6:4, 6:3 и да освои нов гренслем пехар.
NOVAK DJOKOVIC (+100) WINS WIMBLEDON
pic.twitter.com/Le0jbPslml— Barstool Sportsbook (@BSSportsbook) July 11, 2021
Беретини не најде рецепт за подвиг и не успеа во првото финале да слави и да ја освои првата гренслем круна.