Недвед откри кој е планот на Јувентус за Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо утре треба да се приклучи на подготовките на екипата на Јувентус, што јасно значи дека Португалецот и во новата сезона ќе го носи дресот на најтрофејниот италијански клуб. Актуелниот договор на Роналдо со Старата дама е до јуни 2022 година, а постоеја многу шпекулации дека Јувентус ќе сака да го продаде ова лето, за да успее да добие пари за неговиот трансфер.

Сепак, директорот на Јувентус, Павел Недвед потврди дека Роналдо ќе се приклучи на останатите играчи на подготовките и дека во новата сезона ќе го предводи нападот на гигантот од Торино.

Пари Сен Жермен беше најсериозниот кандидат за доведување на Португалецот, но многу веројатно е дека следното лето ќе го доведе на „Паркот на принцовите“ и тоа како слбоден играч.

- Оглас -

Најнови вести