Недвед побарал отказ за Алегри, но Ањели го одбил предлогот

Масимилијано Алегри останува тренер на Јувентус иако Старата дама има слаби резултати во првиот дел од сезоната. Многу фанови на италијанскиот гигант се револтирани од играта на нивниот омилен тим и највиновен за тоа го сметаат токму Алегри.

Тренерот вчера се појави на тренинг, и тоа во присуство на полиција, што е знак дека ситуацијата е сериозна. За заминување на Алегри бил и потпретседателот Павел Недвед, кој дал таков предлог на состанокот на челниците на клубот.

Сепак, против овој предлог на Недвед е првиот човек на клубот Андреа Ањели. Некои италијански медиуми шпекулираат дека Алегри не добива отказ поради големата сума пари што ќе треба да му биде исплатена. Тој има договор до 2025 година, а ако си замине сега, некои пишувања се дека Алегри ќе добие дури 80 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести