Недвед смета на Дибала, Алегри продолжува да ја игнорира десетката на Јувентус

Павел Недвед и Пауло Дибала имале состанок на кој може да се одлучува судбината на одличниот Аргентинец во Јувентус.

Чехот сака „десетката“ на Јуве да остане во Торино и да игра и по 2020 година, кога му истекува договорот, но сепак главниот збор го има тренерот Масимилијано Алегри.

Дибала е незадоволен од минутажата, се послабо добива шанса кај Алегри и ако тренерот остане во Јувентус тој речиси сигурно ќе си замине.

Клучот е кај стратегот на Старата Дама и веројатно најмногу кај исходот од Лигата на шампионите. Ако Јувентус стане европски првак, Алегри сигурно останува во таборот на повеќекратниот италијански првак.

- Оглас -

Најнови вести