13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Неефикасен фудбал и комичен автогол на стартот од Лигата на Европа (Видео)

Со два натпревари, во Данска и Грција, и официјално беше крената завесата на новата сезона во Лигата на Европа. На двата меча имаше само два гола и двата се паднаа во Данска.

Митјиланд со 2-0 славеше над Штурм Грац, а мечот го обележа комичниот автогол на гостинскиот голман. Оливер Кристенсен несмасно реагираше по еден корнер на домашните и ја смести топката во сопствената мрежа во седмата минута.

Вториот меч, оној во Солун, помеѓу ПАОК и Макаби Тел-Авив заврши без голови и без победник.

- Оглас -

Најнови вести