Неефикасноста на Аргентина е наша шанса

Македонската ракометна репрезентација од 18 часот во Краков против себе ќе ја има Аргентина, селекција која е најнеефикасна на Светското првенство во Шведска и Полска и можеби токму тука е нашата шанса за триумф.

Одбраната на Македонија беше разбиена од Норвежаните и Холанѓаните, примивме вкупно 73 гола, што е премногу, но денеска нема да биде така, барем тоа го најавува статистиката.

Аргентинците во првите две кола исто така губеа со двоцифрена разлика од Норвешка и Холандија, но постигнуваа малку голови, на едниот меч 19, на другиот 21. Само со 40 гола на два меча, тие се последни на СП според ефикасноста.

Но, истовремено одбраната на Аргентина примаше вкупно 12 помалку голови од Македонија и тоа е една од причините зошто Јужноамериканците се фаворити според квотите во обложувалниците.

- Оглас -

Најнови вести