Усман Дембеле беше пречекан со пцовки и негодување при пристигнувањето на екипата на Пари Сен Жермен во хотелот во Барселона.
Навивачи на ПСЖ, но и некои љубопитни фанови на Барселона, се собраа пред хотелот во којшто престојува парискиот тим. Крилниот напаѓач Дембеле минатото лето од Барса замина во ПСЖ, а пред една недела, кога даде гол против својот ексклуб, не пропушти бурно да го прослави.
Затоа и пречекот во Барселона не му беше топол. Дембеле имаше облечено качулка и не обрнуваше внимание на извиците кон него.
Интересно е дека Килијан Мбапе, најголемата ѕвезда на парижаните, бил пречекан со аплаузи, иако јавна тајна е дека тој наскоро ќе го објави својот трансфер во големиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид.
https://twitter.com/i/status/1779843095460302881