Баерн Минхен буквално го декласира Динамо Загреб и го победи со 9:2 на стартот од Лигата на шампионите, но тренерот на Баварците, Венсан Компани и во ваква убедлива победа успеа да им најде мана на своите фудбалери.
„Среќен сум поради момците. Тие даваа голови, јас не дадов ниту еден. Примивме два гола, но останавме мирни. Не е идеално. Знам што се случи и знам на што треба да работиме за да се поправиме. Мора да имаме повеќе контрола, но тоа ќе дојде со текот на времето“, рече Компани по историската победа на Баерн.