11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Неговиот тим е претпоследен на табелата, а тој со статистика вели дека заслужува да е на третото место

Екипата на Осиек имаше големи очекувања пред стартот на сезоната во хрватското првенство, но засега има разочарувачки резултати. По девет одиграни кола, Осиек е на претпоследното девето место со само девет освоени бодови. Само тимот на Вуковар е послаб со шест бода.

И покрај лошите резултати, тренерот Симон Рожман е оптимист и има оправдување за лошите резултати. Стратегот на Осиек изнајмил агенција за статистика која пресметала колку всушност бодови требало да има тимот по игрите што ги прикажа во првите девет кола.

Тренерот Рожман вели дека неговиот тим требало да биде на третото место на табелата, а не дури деветти.

„Оптимизам е тоа што во една независна статистичка агенција побарав да направи целосна анализа на нашата лига и кога ќе ги погледнете бројките, ние треба да сме на третото или четвртото место на табелата, а не деветти. Ние сме тим кој е втор во лигата по број на додавања во последната третина од теренот, втор по број на шутеви, четврти по број на мечеви без примен гол, тим кој е трет по број на поседи на топка. Да постигневме само два гола повеќе, денес ќе имавме шест бода повеќе и денес ќе зборувавме за нешто друго. Свесен сум за тоа и одговорот на прашањето е дека го градиме овој оптимизам врз она што веќе го покажавме и што мислам дека овој тим може да понуди“, истакна Рожман.

Осиек вечерва има тешко гостување во Загреб против најтрофејниот Динамо.

- Оглас -

Најнови вести