11.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Нехумани услови за тенис во Шангај: Ѓоковиќ повраќаше на теренот (Видео)

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ вчера се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Шангај по пресврт против 159-тиот играч на светот, Јаник Ханфман. Тој славеше со 2:1, по сетови 4:6, 7:5, 6:3.

Непријатни сцени можеа да се видат во Шангај за време на целиот турнир – тенисерите се жалеа на условите, влажноста на воздухот и жештината што влијае на играта. Се појави и снимка на која се гледа како Новак Ѓоковиќ повраќа во два наврати, што предизвика загриженост.

Новак се мачеше против квалификантот, кој во претходните две рунди успеа да ги елиминира Лоренцо Сонего и Франсис Тијафо. Германскиот тенисер и вчера одигра над своето вообичаено ниво, направи брејк во третиот гем и му даде до знаење на Ѓоковиќ дека го чека тежок дуел.

- Оглас -

Најнови вести