Неизвесно е дали ќе се игра малото баскиско дерби

Одигрувањето на дербито на баскиската област во Шпанија помеѓу Еибар и Реал Сосиедад, закажано за утре, е доведено под сериозно прашање. Причината за тоа е пожар во една депонија, и тој пожар кој уште тлее.

На 6 февруари депото за отпадоци се урна и затрупа двајца работници кои уште не се најдени. При несреќата, се предизвикал и пожар, а тој пожар го загадил воздухот во три града во Баскија, меѓу кои и Еибар.

Министерството на здравје ги предупреди жителите да не спортуваат на отворен простор, да не ги проветруваат домовите и навечер прозорците да им бидат целосно затворени.

Мерките се „превентивни“ и наводно нема ризик за здравјето на жителите, но фудбалската федерација денеска треба да реши дали да го одложи двобојот.

- Оглас -

Најнови вести