37.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Неизвесно и тврдо ќе биде баскиското дерби

1356 Атлетик Билбао – Реал Сосиедад (14ч)

Баскиското дерби како за одјава на 2020 година ќе биде тврдо со оглед на формата на двете екипи. Билбао оствари само една победа во последните пет кола, додека Сосиедад нема триумфирано во девет меча во сите натпреварувања, со шест ремија и три порази во низа во шпанскиот шампионат.

Само пред еден месец Сосиедад беше лидер во Ла Лига, меѓутоа бројните повреди на клучни играчи беа голема пречка за екипата да го одржи ритамот од почетокот на сезоната. Во две од претходните три кола Сосиедад загуби од Барселона и Атлетико Мадрид и така покажа дека уште тимот од Сан Себастијан уште не е зрел да биде конкурент на гигантите.

Вечерашното дерби воедно е како најава за финалето од Кралскиот куп од минатата сезона, за кое уште нема датум да се одржи, а според последните три меѓусебни дуели, домаќинот е тој што издвојува победа.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.35)

 

1357 Осасуна – Алавес (16:15ч)

Во редовите на Осасуна е вистински хаос со повреди, голем дел од играчите веќе извесно време се надвор од терените, па затоа екипата е при дното во првенството. Речиси два и пол месеци изминаа од последната победа на Осасуна во Ла Лига, за нив ќе биде одлично со триумф да ја завршат годината што ќе им биде мотив за следната година да излезат од зоната за испаѓање.

Алавес е за нијанса во подобра форма, но во четирите претходни меѓусебни средби против Осасуна има само една победа, па затоа вечерва тешко ќе им биде да издвојат позитивен резултат во Памплона.

Предлог тип: 1X-12 (1.71)

 

8325 Индијана пејсерс – Кливленд кавалирс (21ч)

Кливленд беше пријатното изненадување со трите победи на стартот од сезоната, меѓутоа со повредата на Кевин Лав наиде и првото разочарување. и тоа од Никс. И Индијана тргна со идентичен учинок, па Бостон ноќеска се реваншираше за поразот од пред две вечери.

Границата од 200 поени ја надминуваа во четири од последните пет меѓусебни дуели на овие две екипи, а во предновогодишно расположение токму тоа се очекува, Индијана и Кливленд да се разиграат и нападот да биде примарна тактика во обидот да се дојде до победа.

Предлог тип: >215,5 поени (1.85)

 

8361 Вашингтон визардс – Чикаго булс (23ч)

Чудно е што Вашингтон со Расел Вестбрук како нов лидер на екипата не оствари ниту една победа во првите четири натпревари, а последниот пораз го претрпе токму од Чикаго. Се чини дека на Вестбрук му треба време да ја пронајде хемијата со Бредли Бил, но тоа ќе треба да го сторат што побрзо бидејќи Магионичарите делуваат очајно на стартот.

И Чикаго е во слични проблеми, но триумфот во првата пресметка против Вашингтон дефинитивно го крена расположението. Ефикасноста не беше проблем во меѓусебните дуели од минатата сезона, но вечерва не треба да се очекува голем број вкупни поени.

Предлог тип: <231,5 поени (2.0)

 

5703 Ал-Хилал – Ал-Шабаб (17:50ч)

Ова е натпревар на кој може да се очекува голеада, или најмалку три погодоци бидејќи двете екипи се меѓу најефикасните во првенството на Саудиска Арабија по 10 кола. Дека ќе биде ефикасен меч, дополнително најавуваат претходните меѓусебни дуели, секоја втора средба на овие екипи завршува со три или повеќе погодоци.

Ал-Хилал е лидер што првиот пораз го претрпе пред две кола, но сега цели повторно да влезе во победнички ритам. Ал-Шабаб ќе сака да ја подобри формата, но фактот што од 2014 година нема триумфирано на гостување во Ријад, не дава надеж за поволен резултат вечерва.

Предлог тип: 1X & 3-5 (2.04)

- Оглас -

Најнови вести