Нејмар беше понижен на тренинг, па со карате удар му влезе на соиграчот (Видео)

Пари Сен Жермен утревечер во Париз го пречекува Лајпциг, во меч од третото коло во Лигата на шампионите. Францускиот првак е голем фаворит за победа, а мирниот вчерашен тренинг го наруши еден „инцидент“.

Фудбалерите играа со топка, а Нејмар беше во средина и требаше да ја допре топката. Андер Ерера успеа да ја пушти топката под нозете на Нејмар, а Бразилецот дури и падна. Ерера веднаш почна да му се смее на Нејмар, кој оваа шега не ја прими баш најдобро.

Само за неколку секунди, Нејмар со карате удар му влезе на Ерера и најпрво го удри со нога, а потоа и го турна на земја. Ерера веднаш сфати дека не требало така да си поигра со еден од најдобрите играчи на ПСЖ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести