Нејмар е најзаслужен за убедливата победа на Сантос со 3:0 на гостински терен кај Интер де Лимеира во Паулиста. Уште во првото полувреме Сантос ја покажа силата, а Нејмар само по девет минути асистираше за погодок на Тикуњо.
Домашните навивачи постојано му свиреа на Нејмар и го провоцираа, а Бразилецот на тоа им одговори со феноменален погодок. Најголемата ѕвезда на теренот изведе корнер и успеа директно со удар од аголот да погоди за водство од 2:0.
До крајот на првото полувреме повторно проработе тандемот Нејмар-Тикуњо за убедливо водство од 3:0 на Сантос.
Santos [2]-0 Inter de Limeira – Neymar olympic goal
byu/brunopcosta1 insoccer