Пари Сен Жермен без многу проблеми со 3:1 славеше на гости кај Макаби Тел Авив и со максимални шест бода е на првото место во групата од Лигата на шампионите. Трите големи ѕвезди на ПСЖ, Меси, Мбапе и Нејмар, постигнаа по еден гол за сигурен триумф.
Нејмар беше последен кој погоди, и тоа во 88-мата минута, а по погодокот, Бразилецот предизвика негодување кај домашните навивачи, и тоа поради начинот на славење. Нејмар има специфичен начин на славење со испружен јазик и мавтање со рацете, но домашните фанови веруваа дека тој се исмејува со нив.
Главниот судија доби сигнал од ВАР-собата поради начинот на кој Нејмар славел за голот, па Бразилецот доби жолт картон иако се обидуваше да објасни дека никого не сакал да навреди.