Сантос продолжува да минува низ тешки денови, а ѕвездата на тимот, Нејмар, беше главниот виновник за поразот од Ботафого со 0-1. Во 76-тата минута, при резултат 0-0, напаѓачот постигна гол со рака по центаршут во шеснаесетникот, што доведе до втор жолт картон и негово исклучување од игра.
Натпреварот од 11-то коло на бразилското првенство беше многу неизвесен. Ботафого влезе како фаворит, но имаше тешки моменти, особено пред полувремето.
Dia 701 – Neymar fazendo gol de mãopic.twitter.com/664Y8vnidn
— Todo dia um momento bizarro do futebol (@bizarrofut) June 1, 2025
По исклучувањето на Нејмар, Сантос ја загуби иницијативата, а гостите дојдоа до трите бода со гол на Артур во 86-тата минута. Со оваа победа Ботафого се искачи на деветтото место на табелата, додека Сантос остана во зоната за испаѓање.
Пред полувремето, Нејмар беше провоциран од навивачите на противничкиот тим, а камерите го фатија како се заканува дека ќе даде гол и дека неговиот тим ќе победи. Ништо од тоа не се случи, а поранешниот ас на Барселона и Пари Сен Жермен го доби својот 16-ти црвен картон во кариерата. Последен пат беше исклучен во дресот на ПСЖ во 2022 година.
Neymar tentou fazer o gol com a mão, levou o segundo amarelo e foi expulso!
— Olé do Brasil (@Oledobrasil) June 1, 2025
INACREDITÁVEL!
Ele deveria devolver uns 3 mês de salário pra compensar o Santos. pic.twitter.com/yTpGaM1Wvh