28.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Нејмар даде изјава која уште толку ќе ги изнервира навивачите на ПСЖ

Пари Сен Жермен по пауза од една сезона ја врати титулата во Лига 1 во своите витрини. По вчерашното реми со Ленс, тимот од Париз дојде до десеттата титула во својата историја.

Но и покрај најавеното славје, голем дел од фановите на овој тим си заминаа, поради протести кон клубот за уште една очајна сезона во Лигата на шампионите и шокантното испаѓање од Реал Мадрид.

Една од најголемите ѕвезди во клубот, Нејмар по мечот даде изјава која што уште толку ќе ги изнервира симпатизерите на овој клуб.

„Нека ги сочуват свирежите, бидејќи ќе се уморат а јас сум тука и во наредните три сезони и никаде не мрдам. Што сакаат нека мислат тие за мене, јас имам своја цел во ПСЖ и дојден сум да ја остварам и не ми е гајле дали тие ќе бидат на трибините, или ќе играме на празен стадион“ изјави Нејмар.

- Оглас -

Најнови вести