Бразилскиот ас на Пари Сен Жермен, Нејмар, дефинитивно ќе ги пропушти и двата натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед. Од клубот објавија соопштение во кое информираат дека по консултациите со престижни лекари специјалисти, Нејмар нема да оди на операција на повредениот зглоб, но третманот и рехабилитацијата на повредата ќе траат два и пол месеци.
Нејмар се повреди на 23-ти јануари, на меч од Купот против Стразбур. Слична повреда на десната нога имаше и лани, но тогаш беше опериран. Доколку ПСЖ го мине Манчестер јунајтед, тогаш на деветти или 10-ти април, за кога е закажан првиот четврт-финален меч, Нејмар би можело да заигра и да му помогне на својот тим, но во следните десет недели тимот на тренерот Томас Тухел мора да се снаоѓа без најскапиот фудбалер на светот.