Лионел Меси нема настапено за Аргентина откако „гаучосите“ претрпеа рана елиминација на Мундијалот во Русија, а нема да биде ниту вечерва во составот во пресметката од Суперкласико меѓу Бразил и Аргентина. Во пресрет на дербито, ѕвездата на Бразил, Нејмар, истакна дека е лошо за фудбалските фанови што Меси нема да настапи вечерва, но воедно, токму поради тој факт, шансите за победа се поголеми за неговата репрезентација.
„За оние кои го сакаат фудбалот, отсуството на Меси е лоша вест, но за нас е добра бидејќи така имаме поголеми шанси за победа. Нема да го потцениме противникот, со или без Меси, Аргентина има квалитетен состав, а посебно ми се допаѓа Дибала, тој е одличен со топката. Сметам дека нема фаворит во овој дуел“, изјави Нејмар во пресрет на мечот.
Пријателската средба меѓу Бразил и Аргентина е закажана за терминот од 19.45 часот, а дуелот ќе се игра во Саудиска Арабија, односно на стадионот „Крал Абдул“ во Једа.