Нејмар е повреден и ќе паузира до крајот на ноември, што е лоша вест за Пари Сен Жермен, но светците сепак имаат причини и за радост кога во прашање е Бразилецот.
Нејмар како што објавуваат францускиот медиуми донел конечна одлука да продолжи да игра за европскиот вицешампион и ќе го продолжи договорот до 2025 година. Се уште му важи договорот со 2022 година, но сега е јасно дека ќе нема трансфер во Барселона.
Каталонците се во голема финансиска криза, па Нејмар иако сакаша де се врати на „Камп Ноу“ за двојно помала плата, сепак одлучи поинаку.
Со новиот продолжен договор со ПСЖ според француските медиуми Нејмар ќе заработува по 40 милиони евра годишно, или вкупно 200 милиони за пет години.
Тој е се уште го држи рекордот за најскап трансфер на сите времиња со пристигнувањето во ПСЖ од Барселона за вкупна сума од 222 милиони евра.