Нејмар се врати со гол по паузата од два меча на Мундијалот во Катар, а повторно покажа и дека е еден од највештите дриблери на светот.
Во интересна ситуација во првото полувреме пред Бразилецот се појави судијата Турпан, а Нејмар се снајде мајсторски и со одличен маневар ги надитри двајцата репрезентативци на Јужна Кореја, кои го бркаа по теренот да му ја одземат топката.
Тоа се случуваше во 28-мата минута, непосредно пред третиот гол на Бразил, што го даде Ришарлисон во 29-тата минута за 3:0.
Бразил по првото полувреме имаше огромна предност од 4:0, така е и во 75-тата минута, па Кариоките ќе играат во четвртфиналето со Хрватска.