Нејмар дури на 16 место за „Златна топка“, во Топ 10 ги нема ниту Халанд, Лукаку, Суарес…

Капитенот на бразилската репрезентација и фудбалерот со најскап трансфер во историјата, Нејмар е дури на 16-тото место во рангирањето за освојување на Златната топка.

Традиционалниот избор на „Франс Фудбал“ за најдобар фудбалер во годината ги објави фудбалерите кои се од 11 до 30 место на листата, а тука има место за многу големи ѕвезди. На 11 место е Халанд, а потоа следуваат Лукаку, Кјелини, Бонучи, Стерлинг, Нејмар, Суарес, Кјаер, Маунт, Марез, Фернандес, Мартинес, Кејн, Педри, Фоден, Барела, Дијас, Морено, Модриќ, Аспиликуета.

Уште е неизвесно кои се фудбалерите во Топ 10, а на крајот и кој ќе биде освојувачот на „Златната топка“.

- Оглас -

Најнови вести