Нејмар синоќа не беше во составот на Пари Сен Жермен и тоа е сосема очекувано ако се знае дека Бразилецот најави дека сака да си замине од францускиот првак. Повеќе шпекулации има за тоа каде Нејмар би ја продолжил кариерата, а најновата пристигнува од Саудиска Арабија.
Според Радио Монте Карло и реномираниот новинар Фабрицио Романо, екипата на Ал-Хилал упатила нова зголемена понуда за да го доведе Нејмар во своите редови. Бразилецот сака да се врати во Барселона, но каталонскиот гигант не може ни да помисли да понуди толку пари колку што имаат Арапите.
Се шпекулира дека Нејмар ќе заработува по 100 милиони евра по сезона, додека ако се врати во Барселона, максимум може да добива 13 милиони евра по сезона, односно седум пати помала сума од тоа што нуди клубот од Саудиска Арабија.
Ал-Хилал во ова лето веќе ги доведе Кулибали, Рубен Невес, Сергеј Миленковиќ-Савиќ и Малком, но доколку успеат да го доведат Нејмар, се знае кој ќе биде главна ѕвезда во тимот.