Нејмар е тажен, знае дека ја утна работата

Нејмар пред три години за 222 милиони евра замина од Барселона во ПСЖ за да докаже дека може да биде најдобар на светот. Вечерва имаше прилика за тоа, доколку го предводеше тимот до прва титула, но не ја искористи. Кога најмногу се очекуваше од него, кога тој требаше да биде локомотивата што ќе го влече ПСЖ, Нејмар потфрли. Затоа по натпреварот, тој беше еден од најтажните.

Нејмар од последните 14 шута кон головите на противниците нема дадено гол, вечерва имаше лошо издание, далеку од потребното за да се разбие малерот кој ги бие француските екипи во финалните средби. ПСЖ за првпат по четири години не даде гол на меч од ЛШ, а француските клубови загубија 14-ти пат во 16 европски финалиња.

И ривалите го тешеа, но по ваков пораз, тешко дека некакви зборови може да го утешат. Беше разочаран и од резултатот и од самиот себеси, веројатно не може да си прости што одигра лошо. Нејмар пред пет години со Барселона ја освои ЛШ, а откако си замина, Каталонците немаат стигнато до финалето.

 

- Оглас -

Најнови вести