Трагичната смрт на 26-годишната бразилска пејачка Марилија Мендонса, која загина во авионска несреќа, силно го потресе Нејмар. Вечерва Неј со ПСЖ има гостување кај Бордо и нема да му биде лесно да игра, но ќе има и мотив плус да даде гол кој ќе го посвети на неговата омилена пејачка со која беше личен пријател, и пејачка која во 2019 година во Париз пееше на негова роденденска забава.
„Едно од најнепријатните изненадувања во мојот живот. Тоа што пееше на мој роденден, беше чест за мене. Твоето име ќе остане запаметено во Бразил и светот. Ќе бидам твој вечен фан“ – напиша емотивниот Нејмар.
Тој потоа додаде и дека уште не му се верува дека Марилија загинала, и посакува ова да е само лош сон, и да се разбуди, за ова да не е вистина. Но, реалноста за жал е поинаква.
Тага по смрт на пејач има и во Србија, особено меѓу навивачите на Црвена ѕвезда. Почина 68-годишниот доајен Маринко Роквиќ, кој беше познат и како голем фан на белградските Црвено-бели, а беше и кандидат за влез во собранието на клубот. Роквиќ беше чест посетител на натпреварите на Ѕвезда, па и клубот се огласи со соопштение по повод неговата смрт, која настапи после кратко боледување.