19.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Нејмар е зависен од виски и наргиле, наскоро нема да се врати на теренот

Некогашната голема светска ѕвезда Нејмар најверојатно нема да се врати на теренот до крајот на 2025 година. Информацијата која ја објави бразилскиот новинар Родолфо Гомес вели дека Нејмар нема да има доволно време да закрепне за да се врати на теренот во следните три месеци.

Покрај медицинските проблеми кои ги има, Нејмар има стекнато и многу лоши навики кои дополнително го отежнуваат неговото враќање на теренот.

„Тој е зависен од виски, од енергетски пијалоци и од наргиле. На спиење оди дури во 4 или 5 часот наутро“, вели бразилскиот новинар.

Нејмар се врати во родниот Бразил и заигра за неговиот клуб од детството, Сантос. Се веруваше дека тој ќе биде засилување за Сантос и дека во овој тим ќе успее да ја врати старата форма, но засега нема ништо од тоа. Нејмар одигра само неколку меча за Сантос, потоа се повреди и уште е надвор од теренот.

- Оглас -

Најнови вести