37.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Нејмар едвај ги задржа емоциите кога го прашаа за Меси

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, во интервју за „Еспорте еспектакулар“ говореше за времето кога го носеше дресот на Барселона и како настанало неговото пријателство со Лео Меси. Токму оваа тема е слаба точка на Бразилецот, а очигледно му недостасува неговиот пријател.

„Кога најмногу ми требаше помош, најдобриот на светот (Меси) ми посвети внимание и започна пријателство какво што никогаш не сум имал. Тешко ми е да зборувам за периодот во Барса, а уште потешко за Лео, кој секогаш ќе биде посебна личност за мене. Се сеќавам кога како детиште пристигнав во Барселона, добив порака од него: Тука сум да ти помогнам, немој да се плашиш и да се срамиш“, вели Нејмар.

Најскапиот фудбалер на светот моментално закрепнува од повреда глуждот, а се очекува на терените да се врати кон почетокот на април.

Дел од интервјуто во кое Нејмар говори за Меси можете да го погледнете на следниот линк.

- Оглас -

Најнови вести