Нејмар ги нервира парижани и надвор од терен, го пријавија во полиција

Брзилецот Нејмар се врати на терен во дресот на Пари Сен Жермен по два меча пауза поради повреда, а кам-бекот е со пораз од Марсеј и елиминација во францускиот куп и со пријава до полицијата.

ПСЖ загуби со 2:1 во меч на кој Нејмар одигра слабо, но затоа велат дека прави одлични журки.

На една од нив имало преголема бука и соседите кои веќе не можеле да ги трпат неговите забави го пријавиле во полиција за нарушување на јавниот ред и мир.

Полицијата пристигнала во вилата на Нејмар и констатирала дека тој ги прекршил законите и го казнила со 135 евра.

Сега за Нејмар има и најава за тужба од жителите ако продолжи со забавите со кои ги вознемирува и им го нарушува мирот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести