Интересен момент се случи на мечот меѓу Пари Сен Жермен и Монпелје, што шампионот го доби убедливо со 5:0, а во фокусот беше Нејмар.
Со пинк фризурата, но и со дриблинзите Бразилецот ги нервираше противниците, па во еден момент Савание не издржа и му влета остро на Нејмар од зад грб.
Потоа се случи несекојдневна сцена, судијата го опомена гостинскиот играч, но не ја прекина играта, па Нејмар си продолжи да го дрибла играчот за врска на Монпелје.
Neymar gets kicked in the back then proceeds to dribble the person who kicked him from the free kick from soccer
Нејмар не беше стрелец на ниту еден од петте гола што ги постигнаа фудбалерите на ПСЖ, но ја имаше најубавата асистенција на мечот. Во 57. минута на прекрасен начин го исфрли во фор Килијан Мбапе, а францускиот репрезентативец лесно погоди, во тој момент за 4:0.