Нејмар ги разреши дилемите, останува во Сантос

Бразилската ѕвезда Нејмар ќе остане во Сантос и следната сезона, објавуваат бразилските медиуми.

Откако на почетокот на годината се врати како слободен агент и потпиша краткорочен договор до крајот на јуни, иднината на Нејмар беше цел на многу шпекулации. Сепак, по преговорите меѓу Сантос и таткото на играчот, постигнат е договор за продолжување на соработката.

Се очекува новиот договор да биде на една година и да биде официјално потпишан по завршувањето на одморот на 33-годишниот фудбалер.


Откако се врати во Сантос, Нејмар одигра 14 натпревари, постигна три гола и запиша три асистенции. Неговата главна цел е враќање во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести