Напаѓачот на ПСЖ и на репрезентацијата на Бразил, Нејмар, им порачал на челниците на Светците дека нема намера да си оди бидејќи има договор до јуни 2027 година, пишува „Лекип“.
Бразилецот сезонава е под постојани критики за лошите игри, а на виделина излегоа и конфликите со тренерот Кристоф Галтие и спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос.
Поради тоа, челниците на Светците одлучиле налето да го продадат Нејмар, а како идна дестинација се споменува Премиер лигата и Челзи, кој нуди 60 милиони евра отштета.
„Челниците на ПСЖ решија да го продадат Нејмар бидејќи сакаат да изградат тим околу Мбапе. Бразилецот беше непријатно изненаден кога слушна дека клубот планира да го продаде на крајот од сезоната. Нејмар им е лут на челниците на клубот бидејќи не сака да се откаже од платата што ја има ПСЖ. Единствената опција е раскин на договорот, но во тој случај Бразилецот бара отштета од 200 милиони евра. Со овој настап Нејмар ги шокира челниците на ПСЖ, кои немаа поим дека Бразилецот ќе бара толкава отштета за раскин на договорот. Јасно им е дека Нејмар нема лесно да се откаже од парите, тој им порача дека ќе ја одбие секоја понуда што ПСЖ ќе ја прифати за него“, пишува „Лекип“.