27.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Нејмар ги шокира челниците на ПСЖ со денешното барање

Бразилскиот репрезентивец Нејмар им соопшти не челниците на ПСЖ дека сака да го напушти клубот, објави „Лекип“.

Според францускиот магазин, Нејмар донел конечна одлука дека сака да си замине од „Паркот на принцовите“ две години пред истекот на договорот.

Бразилецот во ПСЖ пристигна во 2017 година од Барселона за рекордни 222 милиони евра, што сè уште е најголема сума за отштета што ја платил еден фудбалски тим.

Се шпекулира дека Нејмар може да биде дел од договорот меѓу ПСЖ и Барселона, со кој Осман Дембеле треба да се пресели во редовите на францускиот шампион.

Засега голем противник на оваа идеја е тренерот на Барселона, Чави Ернандес, кој играше заедно со Нејмар од 2013 до 2015 година и смета дека поважно му е да го добие Бернардо Силва од Манчестер сити отколку Бразилецот.

- Оглас -

Најнови вести