Нејмар го поддржува Анчелоти за селектор на Бразил

Ѕвездата на Сантос и бразилски фудбал, Нејмар, сака да го види Карло Анчелоти во репрезентацијата на Бразил.

Се шпекулира дека нов селектор на Бразил ќе бидат или Анчелоти или Жорже Жесус. Нејмар не е воодушевен од Португалецот Жесус, кој му беше тренер во Ал-Хилал и го преферира Анчелоти.

Напаѓачот ова му го кажал на првиот човек на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригес. Раководството на Федерацијата сакало да ги слушне и ѕвездите на на репрезентацијата при изборот на нов селектор. Нејмар нема играно за националниот тим уште од октомври 2023 година.

 

- Оглас -

Најнови вести