14.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Нејмар го спаси ПСЖ од нова бламажа

ПСЖ издвои само бод на домашен терен во ремито од 1-1 против Ница. Во мечот кој се одигра во рамките на 35-тото коло во Лига 1, Светците избегнаа нова бламажа и воедно петти пораз во шампионатот, а се чини дека фудбалерите на Томас Тухел веќе мислат на одмор, бидејќи титулата во Франција ја потврдија во претходното коло.

Гостите од Ница поведоа по стартот на второто полувреме преку Ганаго, а по точно еден час игра Нејмар беше прецизен од белата точка поставувајќи ги конечните 1-1.

Домаќините можеа да ги освојат сите три бода во финишот од средбата. Судијата повторно додели пенал за ПСЖ, овојпат шутираше Кавани, но Уругваецот не беше ефикасен како неговиот колега Нејмар.п

https://streamable.com/0l6bp

- Оглас -

Најнови вести