11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Нејмар го сруши рекордот на Пеле, Бразил лесно се справи со Боливија (Видео)

Репрезентацијата на Бразил ја забележа првата победа во квалификациите за Светското првенство, откако со убедливи 5-1 ја совлада Боливија на домашен терен. Нејмар и Родриго постигнаа по два погодоци, додека Рафиња еднаш стрелаше прецизно во противничката мрежа.

За Нејмар ова беа 78-ми и 79-ти погодок во дресот на Бразил со што го мина Пеле на листата на стрелците за бразилската репрезентација. Пеле и Нејмар имаа по 77 голови за Бразил, но фудбалерот на Ал-Хилал сега е осамен на врвот на листата со најдобрите стрелци.

За Нејмар ова беше 125-ти настап за репрезентацијата на Бразил, додека Пеле своите 77 голови ги постигна во 92 настапи.

- Оглас -

Најнови вести