Нејмар и Бруна стана родители на ќеркичката Мави

Бразилскиот репрезентативец Нејмар и неговата избраничка, Бруна Бјанкарди, денеска станаа родители на ќеркичката Мави, а фудбалерот веднаш се пофали на социјалните мрежи.

„Нашата Мави пристигна да ги исполни нашите животи. Веќе те сакаме, благодарам што не избра нас“, напиша Нејмар на социјалните мрежи притоа објавувајќи фотографии со Бруна и со ќеркичката.

Бразилецот веќе има 12-годишен син Дави Лука од врската со Каролина Дантас, а Мави му е прво дете со Бруна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести