Нејмар и Меси потсетија на убавата ера во Барселона, Бразилецот со два гола и асистенција си го продолжи престојот во ПСЖ (Видео)

Пари Сен Жермен ја декласира Гамба Осака со 5:2 на пријателски меч во Јапонија, а Лионел Меси и Нејмар конечно одиграа одлично заедно и потсетија на ерата од Барселона.

Нејмар, чие останување во Париз сè уште е неизвесно, сега со два гола и асистенција, но и со одличен настап во Јапонија веројатно си го продолжи билетот за престој во ПСЖ.

https://twitter.com/EhsaN_PSG/status/1551519549035520000?s=20&t=0HN1qjWvW-PeCRsWSNWqOg

Меси му помагаше сесрдно и двајцата меѓу себе си разменија по една асистенција, а Аргентинецот даде еден гол, додека Бразилецот беше стрелец на два.

https://twitter.com/Ziad_EJ/status/1551530674452045824?s=20&t=0HN1qjWvW-PeCRsWSNWqOg

И двајцата излегоа заедно од игра во 72-рата минута испратени со аплаузи од публиката.

Стрелци за ПСЖ беа и Сарабија, и Мендеш и Килијан Мбапе, кој играше во последните 30 минути и погоди за крај од пенал.

За Гамба Осака стрелци беа Курокава и Јамами.

 

- Оглас -

Најнови вести