Нејмар има понуди од Јунајтед, Челзи и Ал-Хилал, но негова желба е да се врати во Барселона?!

Бразилскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Нејмар, ова лето најверојатно ќе има нов клуб бидејќи е на удар на навивачите на Светците и според сите шпекулации, сака да си замине од Париз.

Интерес за неговиот потпис има од Манчестер јунајтед, Челзи и Ал-Хилал, но според шпекулациите на светските медиуми, неговата желба е да се врати на „Камп ноу“. Ваквиот трансфер во моментов е тешко да се изведе поради финансиските проблеми што ги има Барселона, но не е и невозможен. Сепак, најголеми шанси да го доведе во своите редови му се даваат на Манчестер јунајтед, кој има нови сопственици, а шпекулациите за трансферот на Нејмар на “Олд Трафорд“ веќе подолго време се присутни во светските медиуми.

Нејмар во Барселона настапуваше од 2013 до 2017 година, кога забележа 186 настапи и постигна 105 гола.

- Оглас -

Најнови вести