По повеќе од една деценија помината надвор од родната земја, Нејмар неодамна се врати во Бразил. Докажаниот офанзивец блескаше пред една декада во дресот на матичниот клуб Сантос, а сега повторно е дома.
Нејмар одигра три меча за Сантос, а билансот му е две ремија и еден пораз. По поразот од Коринтијанс со 2:1, Нејмар најде изговор за слабата игра, и тоа во топките со кои играат во шампионатот на Бразил.
„Со сета почит кон спонзорот, мислам дека тие треба малку да поработат на оваа топка. Оваа топка е многу лоша, треба малку да се подобри за да му помогне на нашето првенство“, рече Нејмар за весникот „Глобо“.