Нејмар ја официјализира соработката со „Пума“ (видео)

По една и пол деценија соработка со „Најки“, Нејмар го смени брендот и стана заштитно лице на германската фирма за спортска опрема „Пума“. Мегаѕвездата на ПСЖ ќе чекори по стапките на легендите Пеле, Марадона, Јохан Кројф, кои своевремено го носеа најпознаниот модел на копачки од „Пума“, наречени „кралеви на копачките“.

„Кралот се врати“ е промотивното видео со кое Нејмар ја официјализираше соработката со „Пума“, а брендираните копачки ќе ги покаже во четвртото коло од Лига 1, кога Светците ќе се сретнат со Олимпик Марсеј во француското дерби.

- Оглас -

Најнови вести