Нејмар преку „Инстаграм“ испрати непримерна порака до сите свои „хејтери“ кои му фаќаа сеир и му се смееја по појавувањето на снимката со Ромарио, на која делува дека Неј има вишок килограми.
Бразилската фудбалска ѕвезда, која се рехабилитира од операција на лигаментите на коленото, по еден тренинг го покажа стомакот, кој е прилично рамен, и не ја пропушти шансата да испрати порака до сите кои велат дека е дебел со покажување на среден прст.
„Имам вишок килограми, но јас дебел? Не мислам така. Пу*ете го хејтери“, кажа Нејмар и покажа среден прст.