21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Нејмар казнет со 3,3 милиони долари во родната земја!

Обвинителството во Бразил му изрече казна од 16 милиони реали (3,3 милиони долари) на фудбалската ѕвезда Нејмар, поради изградба на вилата во близина на едно вештачко езеро на периферијата на Рио де Жанеиро, соопштија властите, а пренесе АФП.

Градскиот совет на Мангаратиба изрече четири казни за „прекршување на еколошките норми при изградба на вештачко езеро на имотот на фудбалерот“, се вели во соопштението од секретаријатот на советот.

Изградбата била без соодветна еколошка дозвола.

„Санкциите изнесуваат повеќе од 16 милиони реали“, се вели во соопштението, износ што го утврдиле обвинителите во Мангаратиба, туристичка област на околу 130 километри од Рио, каде што ѕвездата на ПСЖ има своја куќа.

Помеѓу откриените „десетици прекршувања“, властите наведоа „извршување работи што подлежат на контрола на животната средина без дозвола“, зафаќање и пренасочување на речната вода без дозвола и „отстранување на земјиштето и сузбивање на вегетацијата без дозвола“.

Нејмар има рок од 20 дена да се жали на казната, која првично беше одредена на пет милиони реали, што е близу еден милион долари.

- Оглас -

Најнови вести