Нејмар ќе го игра јубилејниот 100-ти меч за Бразил

Нејмар денеска има посебна причина за задоволство. Ќе го игра јубилејниот 100-ти натпревар за Бразил. Кариоките од 14 часот ќе играат контролен меч против Сенегал, а Нејмар има мотив плус да одигра на највисоко ниво.

Ѕвездата на Пари Сен Жермен има само 27 години и ако продолжи во ист ритам, може да стане фудбалерот со најмногу настапи во историјата на Бразил. Приматот за играч со најмноги настапи за националниот состав моментно му припаѓа на легендарниот дефанзивец Кафу, кој вкупно 142 пати го носел репрезентативниот дрес. Пред Нејмар, засега се уште и Роберто Карлос (125), Дани Алвес (116), Лусио 105 и голманот Клаудио Тафарел со 101 настап.

„Среќен сум што стигнав до оваа бројка. Никогаш не сум помислувал дека ќе можам да стигнам до 100 настапи за Бразил“, вели Нејмар, кој во досегашните 99 средби има постигнато 61 погодок. Моментно е еден гол зад Роналдо, а му требаат 16 за да го стигне Пеле на вечната листа на најдобри стрелци.

Интересно ќе биде да се види дуелот против Сенегал, каде што главна ѕвезда е Садио Мане. Играчот на Ливерпул во шега вели дека Сенегал ќе победи со 4:0 попладнево.

 

- Оглас -

Најнови вести