Нејмар ќе одмори десеттина дена, повредата не е сериозна

Нејмар ќе биде надвор од фудбалските терени само десеттина дена по повредата на глуждот со која се здоби вчера, на дуелот меѓу ПСЖ и Стразбур, иако првично се претпоставуваше дека паузата ќе биде многу подолга.

Во 62-рата минута од куп-дуелот Бразилецот со солзи во очите го напушти теренот по повредата, но среќа за него е што повредата не е сериозна.

Речиси сигурно Нејмар ќе може да игра против Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот меч ќе се игра на 12-ти февруари на „Олд Трафорд“, а реваншот е закажан за шести март.

- Оглас -

Најнови вести