Нејмар ќе остане во Сантос и следната сезона, сака да се докаже пред Анчелоти и да игра на СП 2026

Нејмар е во напредна фаза на преговори за продолжување на договорот со Сантос, кој истекува на 30 јуни 2025 година, за уште една година – односно до Светското првенство во 2026 година. Иако неговото враќање во Сантос не е такво какво што посакуваше, сепак, се надева дека следната сезона ќе се врати во старата препознталива форма.

Според „ТНТ Спортс Бразил“, Нејмар, кој не настапил веќе два месеца, сака да остане во клубот од каде што започна неговата кариера, со цел да учествува на следното Светско првенство под водство на новиот селектор Карло Анчелоти.

Неговата цел е да закрепне физички дотогаш и да ги намали бројните повреди кои ги имаше низ годините, свесен дека поради тоа веројатно нема да биде повикан во првата селекција на италијанскиот стратег во јуни.

Откако се врати во татковината, Нејмар има одиграно само 587 минути на девет натпревари, при што постигна три гола и асистираше трипати. Во бразилското првенство, сепак, на теренот беше само 79 минути, двапати влегувајќи како замена.

- Оглас -

Најнови вести