Нејмар ќе отседи уште два меча поради инцидентите во дербито, Курзава најстрого казнет

Нејмар ќе отседи уште два меча поради суспензија покрај моменталниот дуел на ПСЖ против Меџ, кој за бразилската ѕвезда е прв од казната по инцидентите кои се случија во дербито против Олимпик Марсеј. Тепачката на крајот од мечот во Париз ја засени победата на гостите, која заврши со пет црвени картони.

Најстрога казна доби Курзава, левиот бек на Светците, дури шест меча ќе мора да паузира. Заедно со Нејмар, два меча казна доби и Леандро Паредес, додека Амави од Марсеј ќе отслужи три меча суспензија, а Бенедето само еден натпревар.

Анхел ди Марија исто така нема да игра во наредното коло, причината за еден меч суспензија на Аргентинецот е поради наводно плукање на противнички играч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести