3.8 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос

Бразилецот Нејмар, според сè што се гледа, стави точка на шпекулациите околу трансфер во Интер Мајами или враќање во Европа, откако постигна договор за нова соработка со својот матичен клуб Сантос. Суперѕвездата, која се врати кај корените во јануари минатата година, е подготвена да потпише продолжување на договорот кое ќе го врзе за клубот до крајот на Светското првенство 2026.

Според пишувањата на порталот „Глобо Еспорте“, Нејмар постигнал договор со Сантос кој ќе го задржи на „Вила Белмиро“ до 31 декември 2026 година. Иако во еден момент се чинеше дека 33-годишниот фудбалер е подготвен за нов предизвик, моментално минува низ уште една рехабилитација по операцијата на коленото. Затоа е среќен што останува во познатата средина, блиску до семејството и пријателите.

Иако во Сантос се воодушевени што нивниот капитен се обврзал на верност, бразилските медиуми истакнуваат дека неговиот договор месечно го чини клубот како „четворица или пет обични играчи“.

Главната цел на Нејмар е настап на Светското првенство, а за да се најде на списокот на селекторот Карло Анчелоти, мора редовно да игра. Бразилецот, кој е рекордер по број на голови за репрезентацијата со 79 погодоци во 128 настапи, нема играше за националниот тим од тешката повреда на лигаментите на коленото во септември 2023.

- Оглас -

Најнови вести