Се вжештува ситуацијата околу иднината на Нејмар во Пари Сен Жермен. Бразилецот веќе неколку месеци јавно истакнува дека веќе не сака да игра во францускиот првак и побара трансфер во Барселона. Нејмар вели дека направил грешка што си заминал од „Камп ноу“ и сега сака повторно да биде дел од каталонскиот гигант.
Сепак, тоа не е толку лесно да се оствари. ПСЖ пред две години даде рекордни 222 милиони евра за да го купи Нејмар и има договор до 2022 година. Тоа значи дека Светците имаат право да бараат отштета ако некој клуб сака да го доведе еден од најдобрите играчи во светот.
ПСЖ покажа разбирање и ја намали откупната клаузула, па за 180 милиони евра би го раскинал договорот со ПСЖ. Сепак и тоа се многу пари, па Барселона ќе има проблем да ги плати. Францускиот првак дал услов до Барселона. Краен рок за купување на Нејмар е 10 август, кога и треба да се платат поставените 180 милиони евра.
Каталонскиот гигант почна да ги собира парите, па веќе има 40 милиони евра од продажбата на Малком во Зенит. Сега на ред е да се продадат Ракитиќ и Кутињо, бидејќи ПСЖ ја одби понудата да ги добие овие двајца играчи, плус 40 милиони евра.
Во целата оваа ситуација, најнервозен е Нејмар. Според пишувањата, Бразилецот е толку убеден да си замине од ПСЖ, што дури на еден свој пријател му рекол дека подобро ќе се откаже од фудбалот, но веќе нема да одигра ниту еден меч за Французите.