21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Нејмар конечно „пресече“ за тоа каде ќе ја продолжи кариерата

По заминувањето на Лионел Меси од Пари Сен Жермен, многу гласни беа најавите дека летово од францускиот првак ќе си замине и Нејмар. Капитенот на бразилската репрезентација се споменуваше како можно засилување во повеќе европски екипи, посебно откако навивачите на ПСЖ започнаа „војна“ со него.

Сепак, ситуацијата полека како да се смирува и се поизвесно е дека Нејмар ќе остане во ПСЖ и следната сезона. Бразилецот тоа го најави во последното интервју што го даде.

„Сакам да останам во ПСЖ и наредната сезона. Имам договор со овој тим. Никој не ми рекол дека треба да си заминам“, рече Нејмар, чиј договор со ПСЖ е до јуни 2027 година.

Бразилецот се повреди во текот на втората половина од ланската сезона и сега има подолг процес на рехабилитација, но се очекува да биде подготвен за стартот на новата сезона.

„Процесот на опоравување е многу болен и тешко е, но сакам што е можно порано да се вратам на теренот. Сакам повторно да играм добро“, додава Нејмар, кој во изминативе шест години во дресот на ПСЖ одигра 173 меча во кои постигна 118 голови, а има и 77 асистенции.

Бразилецот кога дојде во ПСЖ во 2017 година го постави најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. Францускиот тим на Барселона ѝ исплати 222 милиони евра, сума која уште не е надмината за трансфер на било кој друг фудбалер.

 

- Оглас -

Најнови вести